Корисничко име Лозинка Пријави се
10.3.2012

Лацио шест недели без Лулиќ

Тренерот на Лацио, Едоардо Реја, има нови проблеми. Во следниот месец и половина ќе биде без услугите на босанскиот фудбалер за врска, Сенад Лулиќ.

Стрелецот на четири гола и три асистенции сезонава во Серија А го повреди бедрениот мускул на левата нога. По прегледот кај прославениот доктор Ханс Милер-Волфарт во Минхен доби прогноза дека пред него е пауза од шест недели.
Дваесет и шестгодишниот босански фудбалер ќе ги пропушти важните натпревари на својот клуб против Наполи и Јувентус во Серија А, а би можел да се врати за гостувањето кај Удинезе на 29 април.

Најнови вести