Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2018

Манчестер веќе мисли на зимскиот преоден рок

Само што заврши летниот трансфер период, англискиот гигант го чека јануари

Тренерот на Манчестер јунајтед Жозе Мурињо веќе подолго време потенцира дека не е задоволен од тоа што успеал да го доведе како засилувања во летниот преоден рок. Португалскиот стратег јавно ги критикуваше челниците на клубот бидејќи не му дозволиле да потроши толку пари колку што му требало за да направи состав кој ќе биде конкурентен за титулата во Премиер лигата. 
Манчестер има една победа и пораз по првите две кола во првенството, а Мурињо вели дека со овој состав „црвените ѓаволи“ нема да имаат никакви шанси да се борат за трофејот во Премиер лигата. 
Преодниот рок во Англија заврши пред неполни две недели, а Мурињо веќе бара нови играчи кои би можел да ги доведе во јануарскиот трансфер период. Прв на радарот е играчот за врска на Рома, Лоренцо Пелегрини. Тоа е фудбалер кој има 22 години и го најавуваат дека ќе биде еден од најдобрите италијански играчи во наредниот период. 
Во 2017 година Пелегрини дебитираше и за репрезентацијата на Италија и досега има шест настапи за „аѕурите“. 
Манчестер јунајтед утревечер на „Олд Трафорд“ ќе го пречека Тотенхем во првото големо дерби за „црвените ѓаволи“ сезонава. 

 

Најнови вести