Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2018

Играчите на Јуве „се жалат“ од Роналдо

Даглас Кошта вели дека Португалецот тренира со неверојатен интензитет и неговото темпо е невозможно да се следи

Кристијано Роналдо веќе во полна пареа работи на тренинзите на Јувентус. Актуелниот освојувач на „Златната топка“ летово од Реал се пресели во италијанскиот првак и сега е главна ѕвезда во Серија А. 
Иако нема причина да се докажува на тренинзите, Роналдо е неверојатен, па соиграчите дури и не можат да веруваат со голкав интензитет тој тренира. Даглас Кошта вели дека е невозможно да се следи темпото на работа на Кристијано. 
„Невозможно е да се прати Роналдо на тренинзите. Кога стигнавме на тренинг, тој веќе тренираше, а кога си заминавме, тој уште беше на теренот. Никогаш не сум видел такво нешто“, веи Бразилецот кој од оваа сезона е соиграч со Роналдо. 
Дебито во дресот на Јувентус, Роналдо треба да го има на 18 август, кога „старата дама“ ќе игра против Киево на гости, во првото коло од Серија А. 

 

Најнови вести