Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
06.8.2018

Роналдо добива повеќе, отколку следните четворица најплатени заедно

Кристијано е ѕвездата која треба да го врати стариот сјај на Серија А

Кристијано Роналдо дојде во Јувентус и веднаш повторно „живна“ италијанската Серија А. Португалецот ќе биде убедливо најплатениот фудбалер во Италија. Ќе заработува 31 милиони евра. 
По Роналдо следи Гонзало Игуаин кој летово од Јувентус се пресели во Милан. Зад доскорешниот голгетер на Јувентус, а сега член на „росонерите“, следи уште еден играч на „старата дама“. Пауло Дибала добива 7 милиони евра по сезона. 
На делба на четвртото и петото место се Даглаш Коста од Јувентус и голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума со по шест милиони евра по сезона. 
Кога ќе се соберат годишните плати кои ги добиваат овие четворица играчи, се доаѓа до бројката од 28 милиони евра, кои ќе бидат дадени на само четворица играчи, што сепак на крајот пал е помалку од 31 милиони евра кои ќе ги заработува Кристијано Роналдо во Јувентус. 

 

Најнови вести