Корисничко име Лозинка Пријави се
04.8.2018

Зошто Игуаин го одбра Милан, а не Челзи?

Напаѓачот објасни зошто сакал да остане во Серија А, а не да замине во Англија

По неколку години пауза, Милан конечно во своите редови има вистинска ѕвезда. Гонзало Игуаин е на „Сан Сиро“ во обид да ги врати „росонерите“ на старите победнички патеки.
Освен Милан, како опција за Игуаин беше и Челзи, но Аргентинецот сепак реши да остане во Италија. Напаѓачот вели дека одбрал да дојде во Милан, а не во Челзи, бидејќи од англискиот премиерлигаш единствено новиот тренер Маурицио Сари бил заинтересиран за да го доведе, додека останатите челници на лондонскиот тим не биле премногу заинтересирани. 
„Тоа што Сари ме почитува, не е ништо ново. Само тој сакаше да дојдам во Челзи. За разлика од нив, во Милан имаа цел проект. Беа навистина заинтересирани и настојуваа да дојдам во Милано. Затоа и се радувам што ги избрав нив“, открива Игуаин, кој додава дека е оптимист и верува дека „росонерите“ ќе се борат за висок пласман во новата сезона. 
Во кариерата, Игуаин има играно за гиганти како што се Ривер Плејт, Реал Мадрид, Наполи и Јувентус, а Милан е негов петти клуб.

 

Најнови вести