Корисничко име Лозинка Пријави се
02.8.2018

Победнички маратон за Демири, дебакл за Велкоски и Сараево

Единствениот македонски интернационалец во Украина, Бесир Демири, одигра маратонски меч во продолженија за Мариупол, а на крајот се радуваше на успех против Ѓургарден и пласман во следна рунда во квалификациите за настап во Европа Лигата

Демири одигра 116 минути во реваншот против шведскиот претставник, а неговиот Мариупол славеше со 2:1 и мина понатаму. По двата меча и вкупно 180 минути игра беше израмнето, 2:2, откако и двата дуели завршија идентично со резултат 1:1.
Се играа продолженија, а Фомин со гол од пенал во 97. минута донесе радост за украинскиот состав. Следен предизвик за Демири и соиграчите ќе биде францускиот Бордо.
Во сосема поинакво расположение реваншот со Аталанта го минаа капитенот Крсте Велкоски и неговите соиграчи од Сараево. Италијанскиот калчолигаш го декласира домашниот тим со неверојатни 8:0, што е вистински дебакл за клубот од „Кошево“. Особено по подвигот во Бергамо и одличниот резултат, 2:2 по првиот меч за Сараево. Во реваншот беа немоќни пред расположените фудбалери на Аталанта. Гостите водеа со фантастични 5:0 по првиот дел, а потоа со уште три гола го потврдија пласманот во следната квалификациска рунда на патот кон настап во фазата по групи во ЛЕ.

 

Најнови вести