Корисничко име Лозинка Пријави се
09.8.2018

Меч на денот – Барнли со десеткуван состав на мегдан против Басахшехир

Барнли ја продолжува европската авантура, прва по цели 52 години, а на ред е жешката пресметка со турскиот Басахшехир во Истанбул, во првиот меч од третото квалификациско коло за пласман во Европа Лигата

Турско-англиските фудбалски пресметки секогаш носат дополнителен интензитет, а ривалитетот е голем. Вечерва во Истанбул од 20 часот почнува двомечот меѓу Басахшехир и Барнли. Наш избор за меч на денот од вкупно 35 натпревари од третото квалификациско коло за настап во Европа Лигата.
И двете екипи имаат проблеми со повреден и играчи, а се чин и дека повеќе главоболки има гостинскиот менаџер Шон Дајч. Гостите допатуваа со само 17 играчи, а во составот се вклучен и и двете засилувања, голманот Харт и Бен Гибсон. Недостасуваат ударните игли Крис Вуд, Стивен Дефур, Роби Брејди, Ник Поуп, Стивен Ворд и Арон Ленон. 
Проблеми има и во домашниот состав, а Басахшехир ќе биде без триото Адебајор-Туран-Ерден.
Двете екипи за првпат играат меѓусебе. Победникот ќе игра во плејоф фазата за настап во Европа Лигата.
Коефициентот за победа на Басахшехир во нашите обложувалници е 2,05, ремито „вреди“ 3,10, а триумф на англискиот состав е со квота 3,80.

 

Најнови вести