Корисничко име Лозинка Пријави се
27.7.2018

Лига на Европа: Сараево блескаше во Бергамо, Железничар падна, Олимпија моќна

Регионалните клубови имаа солидна вечер во првите натпревари од второто коло во квалификациите за Лигата на Европа.

Посебно импресивна беше Олимпија од Љубљана, која го прегази Крусејдерс од Северна Ирска со 5-1 и веројатно веќе ја заврши работата.
Од друга страна, Марибор не успеа да слави во Грузија, но 0-0 против Чихура е многу повеќе од поволен резултат пред реваншот на домашен терен.
Третиот словенечки претставник, Рудар веќе се збогува од третата рунда. Романската Стеауа лесно славеше со 2-0 во Велење.
Изненадување приреди Сараево, кој ремизира 2-2 со Аталанта во Бергамо.
Италијанците ја испуштија предноста од два гола од првото полувреме, со погодоците на Толој и Манчини, се релаксираа во продолжението, а тоа сурово го казнија Ханџиќ и Шишиќ со головите во рок од пет минути.
Разочара вториот сараевски клуб, Железничар. Тој е поразен од кипарскиот Аполон со 2-1 на „Грбавица“. „Сините“ и добро поминаа со оглед на тоа дека дури во последната минута го постигнаа надежниот гол.
Лоша вечер имаше и Зрињски од Мостар, одигра само 1-1 со Валета од Малта на стадионот „Под белиот брег“. Гостите во последната минута ги шокираа домаќините.
Хрватскиот Хајдук се стекна со минимална предност против бугарската Славија пред реваншот во Софија, додека Осиек изгуби од шкотскиот Ренџерс на „Градската градина“.
Единствениот црногорски претставник Сутјеска разочара, ерменскиот Алашкерт славеше со 1-0 во Никшиќ.
Што се однесува до останатите резултати, фаворитите го оправдаа тој статус, АПОЕЛ од Кипар конечно проработи и ја декласираше естонската Флора со 5-0.
Со тој резултат белгискиот Генк ја надигра Фола од Луксембург, додека германскиот Лајпциг со 4-0 ја заврши работата против шведскиот Хакен.
Бешикташ и Копенхаген се стекнаа со предност од по два гола на гостувањата на Фарските Острови, односно на Исланд.
Реванш-натпреварите се играат следниот четврток.

Најнови вести