Корисничко име Лозинка Пријави се
01.8.2018

Вардар – Шкендија на стартот од новата сезона

Најдобрите клубови во последниве неколку сезони ќе играат во првото коло од новото првенство.

Вардар против Шкендија ќе играат во првото коло од новото фудбалско првенство, одлучи  денешната ждрепка во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). 
Македонскиот шампион Шкендија на 12-ти август на Градскиот стадион во Тетово ќе биде домаќин на Вардар, во првото коло од Првата лига. 
Освен големото дерби меѓу најдобрите две екипи од минатата сезона, во првото коло ќе играат и Силекс – Шкупи, Победа – Беласица, Работнички – Ренова и Академија Пандев – Македонија Ѓорче Петров. 
Вардар со десет титули е рекордер во домашниот шампионат, додека Шкендија, која е актуелен освојувач на тронот, во новата сезона ќе се обиде да стигне до третиот пехар во домашното првенство.

Најнови вести