Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
09.5.2018

Копа Италија: Доминација на Јувентус или спас на сезоната за Милан

Јувентус во последните неколку сезони поништи многу рекорди, а еден од нив би можело да подобри во последното финале на 71-от Куп на Италија, во кое противник му е најголемиот ривал Милан.

„Старата дама“ од Торино во ова финале влегува со нова, седма последователно освоена титула во Серија А. Во неколку наврати делуваше дека најтрофејниот тим на Чизмата овој пат нема да му се спротивстави на Наполи, но сепак покажа кој е (сè уште) главниот. На ред е второто важно домашно натпреварување, а доколку триумфира, ќе стане прва екипа која четири години последователно ја освојува двојната круна, со самото тоа и Купот. Уште минатата година влезе во историјата со третото последователно освојување на ова натпреварување, а оваа има шанса да го подобри тоа.
Противник е најсоодветниот клуб за ова – Милан. Вториот најтрофеен клуб на Италија и најголем ривал на Јувентус оваа сезона не ја оствари примарната цел да се пласира во Лигата на шампионите, поради што може да се каже дека ова не му е успешна сезона. Но, во последните четири години „росонерите“ немаат подобра. Во шампионатот се меѓу шесте, а тој пласман во овој период го имаа само минатата година, обезбедија пласман во Купот, прв од 2016 година, и за прв пат од 2014 година играа во осминафиналето на европско натпреварување. Екипата од „Сан Сиро“ нема видено трофеј од 2011 година, не сметајќи го Суперкупот од минатата сезона, со тоа што освојувањето на Купот би било круната, макар на работата на Џенаро Гатузо, кој откако дојде на клупата на некогашниот гигант на италијанскиот и на светскиот фудбал од крајот на ноември минатата година, клубот го крена до местото кое води во Европа и ги елиминира Интер и Лацио на патот до финалето на најмасовното натпреварување.
На „росонерите“ нема да им биде лесно, но ниту на торинската екипа. Тоа се виде пред две години, кога овие две екипи дури по четврти пат се најдоа во финалето една спроти друга. Тогаш Јувентус славеше дури по продолженијата, со голот на Алваро Мората. Пред тој дуел, Јувентус славел уште два пати во меѓусебните финални дуели, во 1942 и во 1990, додека Милан беше подобар во 1973 година. Јувентус е најтрофејната екипа на натпреварувањето со 12 пехари, а Милан има пет. Оваа сезона двата првенствени дуели ги доби Јувентус, па природно повторно влегува како фаворит.
Но, стара е фразата дека Купот е специфично натпреварување и често се случува фаворитот на крајот да не успее да победи. Дали тоа ќе биде така, ќе може да се види во 21 часот, во Рим.

Најнови вести