Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2017

Лион за десет милиони го купи Диоп од Селта

Папе Диоп, шпанскиот фудбалер и досегашен играч на Селта од Виго, потпиша договор со Лион.

Дваесетгодишниот фудбалер потпиша петгодишен договор.
Лион на Селта за трансферот на Диоп ќе ѝ плати десет милиони евра, а таа сума со бонусите би можела да порасне за уште четири милиони евра. Шпанскиот клуб, исто така, ќе добие и 15 проценти од идниот трансфер.
Папе Диоп е роден во Сенегал, а во Шпанија стигна на 14-годишна возраст.
Во Селта беше од 2013 година, а во Примера лигата дебитираше на 18 години и настапи 22 пати.

Најнови вести