Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2017

Бразилецот Итало дојде во Вардар

Македонскиот фудбалски шампион Вардар соопшти дека го довел бразилскиот фудбалер Итало. Бразилецот своевремено беше поврзуван дури и со Интер од Милано.

Напаѓачот Итало Хосе Оливеира дос Сантос (29) со тимот од Скопје потпиша едногодишен договор.
Тој дојде од Клуб де Регатес од Бразил, а претходно играше за Интернасионал, Паулиста, Сао Паоло, како и во два наврата за португалскиот Маритимо.
Клубот го ангажира и интернационалецот од Гана Мустафа Куајнор. Дваесет и двегодишниот Ганец со Вардар потпиша договор на две години, со можност за продолжување на соработката на уште една.
Тој е играч за врска, кариерата ја почна во Адуана старс, од каде што отиде на Кипар, каде што играше за АЕЛ Лимасол, Алки Ларнака и Ермис, како и за австралиската екипа Паско вејл.

 

Најнови вести