Корисничко име Лозинка Пријави се
24.1.2017

Марковиќ од Спортинг позајмен во Хал

Српскиот фудбалер Лазар Марковиќ се врати во Премиер лигата, во продолжението на сезоната ќе игра во Хал.

„Тигрите“ го доведоа Марковиќ на заем од Ливерпул, откако португалскиот Спортинг одлучи да го скрати неговиот престој во Лисабон.
Марковиќ во Ливерпул направи трансфер од Бенфика во 2014 година за 20 милиони евра, но одигра само 34 натпревари за „црвените“.
Минатата сезона ја помина на заем во Фенербахче, но во Турција, како и во Португалија оваа сезона имаше доста проблеми со повреди.
Марковиќ кариерата ја почна во Партизан, а заемот во Хал би можело да му биде последна шанса да му докаже на Јирген Клоп дека заслужува место во клубот од „Енфилд“.

 

Најнови вести