Корисничко име Лозинка Пријави се
15.11.2011

Уругвајците без Луис Суарес против Италија

Уругвајската фудбалска репрезентација денес во Рим ќе одигра пријателски натпревар против Италија без својата најголема ѕвезда, напаѓачот на Ливерпул Луис Суарес.

Тоа го потврди Оскар Табарес, селекторот на актуелниот јужноамерикански шампион, кој не сака да го изложи Суарес на ризик да му се влоши повредата. Инаку, поранешниот напаѓач на Ајакс во петокот постигна четири погодоци во победата на својата репрезентација против Чиле (4-0) во јужноамериканските квалификации за Светското првенство во 2014 година, но во 77-та минута мораше да го напушти теренот поради болки во мускулите на грбот.
Иако во меѓувреме закрепна и самиот изјави дека е спремен за настап во италијанската престолнина, Табарес одлучи да го поштеди.
Местото на Суарес во нападот ќе го заземе Себастијан Фернандес, фудбалерот на Малага, кој ќе игра покрај Единсон Кавани.

Најнови вести