Корисничко име Лозинка Пријави се
22.4.2016

Доминација на Лестер и Тотенхем во тимот на Премиер лигата

Премиер лигата го објави најдобриот тим за тековната сезона во која се наоѓаат по четворица играчи на Лестер и Тотенхем.

Од редовите на „лисиците“ во најдобрите 11 очекувано се наоѓаат Варди, Марез, Канте и Морган, додека од таборот на „петлите“ стигнуваат Кејн, Али, Роуз и Алдервејрелд.
Останатите тројца се Де Хеа, Белјерин и Паје. Фудбалерот на Вест хем е првиот фудбалер на „чеканите“ кој се најде во тимот на сезоната.
Лестер и Тотенхем, без сомнение ја одбележаа овогодинешната Премиер лига, тимот на Клаудио Раниери е сè поблизу до трофејот, а во моментов на табелата бега од тимот на Маурисио Покетино со пет бодови повеќе на четири кола пред крајот. 
Тимот на Премиер лигата за 2015/16:
Де Хеа (Манчестер сити)-Роуз, Алдервејрелд (Тотенхем), Морган (Лестер), Белерин (Арсенал)- Паје (Вест хем), Канте (Тотенхем), Али (Тотенхем), Марез (Лестер)- Кејн (Тотенхем), Варди (Лестер).


Најнови вести