Корисничко име Лозинка Пријави се
09.4.2016

Крај на олимпискиот сон за македонските ракометари

Македонската ракометна репрезентација во решавачкиот натпревар одигра многу лошо и заслужено е поразена од Тунис со 32:26.

Македонската ракометна репрезентација не успеа да ја оствари целта по вториот пораз на Квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Македонија потфрли кога најмногу требаше и одигра далеку под своите реални можности и не успеа да дојде до историски пласман на Олимпијада.
Натпреварот тргна катастрофално за Македонија, Тунис направи убедлива предност и на полувремето имаше предност од седум гола, 17:10.
Одбраната на Македонија не функционираше, голманите не одбранија речиси ништо, а во нападот се правеа многу грешки.
Во второто полувреме македонските ракометари заиграа подобро, но Тунижаните го чуваа водството и благодарение на многуте наши нереализирани напади го приведоа натпреварот до крај за конечни 32:26.
Утрешниот натпревар со Чиле (18 ч.) е од ревијален карактер, а кој ќе биде прв во групата ќе одлучат Полска и Тунис во 20:30 часот.

Најнови вести