Корисничко име Лозинка Пријави се
16.1.2016

Хидинк: Постои можност да испаднеме од Премиер лигата

Менаџерот на Челзи Гус Хидинк изјави дека постои реална шанса „сините“ да испаднат од Премиер лигата оваа сезона.

Актуелниот шампион моментално го зазема 14-тото место на табелата во Премиер лигата и има шест бодови повеќе од тимовите кои се во зоната за испаѓање, а во следните две кола ги чекаат натпреварите со Евертон и со Арсенал.
„Тоа е реална можност“, изјави Хидинк кој минатиот месец на клупата го замени Жозе Мурињо.
„Нè чекаат два многу тешки натпревари. Ако не освоиме некои бод со нив, кој знае што ќе сторат нашите противници. Премиер лигата е полна со изненадувања“, додаде Хидинк.
Во моментот кога Мурињо го напушти „Стемфорд бриџ“, Челзи беше само бод над опасната зона. Потоа следеше триумф над Сандерленд, а набрзо по тоа и именувањето на Хидинк за менаџер.
„Од четвртото место кое сега го држи Тотенхем нас нè делат 12 бодови. Сите ние би сакале да сме околу врвот на табелата и навиваме за тоа, но треба да бидеме реални. Шест бодови нè делат од зоната за испаѓање и тоа е факт. Мораме да работиме вредно, да бидеме многу концентрирани, да собираме бодови и да напредуваме“, нагласи Хидинк.

Најнови вести