Корисничко име Лозинка Пријави се
04.1.2016

Џон Тери: Првокласен фудбал

Капитенот на Челзи Џон Тери го истакна влијанието на новиот менаџер Гус Хидинк на подобрување на формата на неговиот тим.

Челзи вчера го совлада Кристал палас со 3-0 и тоа е првата победа на „сините“ од враќањето на Холанѓанецот на клупата на клубот од Лондон.
Тимот од „Стемфорд бриџ“ од заминувањето на Жозе Мурињо нема пораз на четири натпревари, а победи на два и почна да се искачува на табелата на Премиер лигата.
„Ваквата игра секогаш беше присутна, штета што не ја прикажувавме во првиот дел од сезоната, но полека напредуваме. Гус ги среди работите, стануваме сè подобри како тим“, изјави Тери.
Челзи одигра одлично на „Селхарст парк“ и предводен од триото Оскар - Вилијан - Коста стигна до петтата победа во првенството.
„Ова е Челзи од минатата сезона. Првокласен фудбал. Игравме во тешки услови, по силен дожд и ветар, со многу вода на теренот, но генерално бевме одлични со извонредни голови“, додаде капитенот Тери.
Челзи и понатаму е во долниот дел на табелата со шест бодови повеќе од зоната за испаѓање, а десет помалку од местото кое води во Лигата на Европа.

Најнови вести