Корисничко име Лозинка Пријави се
26.12.2015

Хидинк: Проблемите во Челзи не можат веднаш да исчезнат

Новиот менаџер на Челзи, Гус Хидинк, им порача на навивачите на „сините“ да не очекуваат брзо решавање на проблемите во кои се наоѓа шампионот на Англија.

„Не е лесно да се каже ‘ јас сум сега тука и сите проблеми ќе бидат решени’. Ако ја погледнете минатата сезона, која е забележана како голем успех со освојувањето на титулата, нормално е да се очекува дека целите за следната сезона ќе ви бидат исти дури и поголеми“, изјави Хидинк.
Холанѓанинот по втор пат во кариерата се најде на клупата на лондонскиот тим, кој по 17-тото коло во Премиер лигата се наоѓа на 15-тото место на табелата со 18 бодови.
„Основна цел е да се одбрани титулата, што во Премиер лигата никогаш не е лесно. Другите цели се ФА купот и Лигата на шампионите. Но не е лесно да се поправи ситуацијата во тимот, со оглед на тоа што екипата се олабави по освојувањето на титулата, па беше тешко да сфатат дека треба да се разбудат дури во средината на септември. Ситуацијата е таква што сме многу блиску до зоната за испаѓање, од која сме оддалечени само со еден бод, а тоа ги плаши сите во клубот“, додаде Хидинк.
Челзи денес го дочекува Ватфорд во 16 часот.

Најнови вести