Корисничко име Лозинка Пријави се
15.7.2015

АПОЕЛ Никозија - Вардар 0:0

Вардар одигра нерешено против АПОЕЛ Никозија на првиот натпревар во втората квалификациска рунда од Лигата на шампионите.

Домаќините беа цврсти фаворити на натпреварот во Никозија, но во текот на целиот натпревар не успеаја да упатат сериозна закана по голот на Вардар. „Црвено-црните“ не само што мудро се бранеа, туку правеа и добри противнапади.
Резултатот 0:0 е незгоден, бидејќи од голема важност се постигнатите голови на гостински терен, но, сепак, Вардар е со добра шанса на реваншот на 21-ви јули со помош на навивачите да притисне и да се избори за елиминација на АПОЕЛ.

Најнови вести