Корисничко име Лозинка Пријави се
08.7.2015

Суперлига: Поранешните југословенски играчи веќе не се странци

Од наредната сезона клубовите во српската Суперлига во протоколот за натпреварите ќе може да имаат шестмина странци, одлучил вчера Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија.

Фудбалските клубови Партизан и Црвена ѕвезда пред почетокот на натпреварувањето во Суперлигата  на Србија од Фудбалскиот сојуз на земјата побарале да го зголеми дозволениот број на странци во протоколот за натпревар, па во претстојната сезона клубовите ќе имаат право на четворица странски играчи и двајца од просторот на поранешна Југославија.
Покрај тоа, Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз ја усвоил и иницијативата на клубовите да им се продолжи рокот на уште шест месеци за поставување рефлектори на стадионите на Суперлигата на Србија.