Корисничко име Лозинка Пријави се
16.5.2015

Смит пред сите во Ле Ман

Бредли Смит, возачот на Јамаха Тех 3, оствари најдобро време во текот на првиот ден од акцијата пред Големата награда на Франција на кралската класа на Мото ГП шампионатот.

Британецот најбрзиот круг на патеката „Бугати“ во Ле Ман го забележа за време од 1:33.179 минути во текот на вчерашниот попладневен тренинг.
Смит тогаш за речиси две десеттинки зад себе го остави Хорхе Лоренцо на Јамаха, додека возачот Андреа Довициозо од Дукати беше трет со три и пол десеттинки зад возачот над Јамаха Тех 3.
Првите слободни тренинзи во Ле Ман донесоа изненадувачки расплет, посебно што на крајот Смит оствари најдобро време. Во рамките на секундата од него беа 11 возачи, а Џони Ернандес, возачот на Прамак Дукати беше на помалку од десет секунди зад Британецот.
По најдобрите тројца на тренингот беше Кал Крачло на екипата на Хонда ЛЦР, пред актуелниот шампион Марк Маркес, водечкиот во генералниот пласман Валентино Роси и повратникот Даниел Педроса, кој поради повреда и операција на подлактницата ги пропушти претходните три трки. Првите десетмина ги комплетираа браќата Еспаргаро и Ернандес, а заостанување помалку од секунда во однос на Смит имаа и Андреа Јаноне од Дукати и Маверик Винјалес, возачот на Сузуки.
Прв тренингот во Ле Ман на чело го заврши Довициозо, со две и пол секунди предност во однос на Маркес и Лоренцо. Карчлоу тогаш исто така беше четврти, пред Пол Еспаргаро, возачот на Марк ВДС рејсинг Скот Рединг, Роси, Ернандес, Јаноне и Смит.
Третиот слободен тренинг во Ле Ман се вози денес, додека четвртиот на програмата е од 13.30 часот. Квалификациите се возат од 14:10, а трката за Големата награда на Франција стартува во недела во 14 часот.

Најнови вести