Корисничко име Лозинка Пријави се
24.4.2017

Маркес пет од пет во Тексас, Роси втор и покрај казната

Марк Маркес, возачот на Репсол Хонда, ја продолжи доминацијата на Големата награда на Америка со петтиот триумф во Остин на исто толку трки во Америка на Мото ГП.

Маркес во Тексас дојде до првата победа оваа сезона, а 56-та во кариерата, пред Валентино Роси на Јамаха, кој го зазеде второто место и покрај тоа што беше казнет со додавање три десеттинки на крајот на трката. На двајцата на подиумот им се придружи Даниел Педроса, другиот возач на Репсол Хонда.
Покрај продолжувањето на доминацијата на Маркес во Соединетите Американски Држави, третата рунда на овогодишниот шампионат ја одбележа и откажувањето на победникот на првите две трки, Маверик Вињалес. Младиот возач на Јамаха направи голема грешка уште во вториот круг, додека го држеше четвртото место и излета од патеката.
Големата награда на Америка ја обележа одличната борба меѓу Маркес и Педроса на самото чело. Постариот од двајцата Шпанци беше подобар во првата половина од трката, додека во вториот дел се истакна актуелниот шампион. Педроса одлично стартуваше, пред Маркес и Роси, но Докторот не успеа сериозно да се вмеша во борбата за триумфот со возачите на Репсол Хонда.
Маркес уште еднаш покажа дека патеката во Остине е како создадена за него, додека Педроса ги изненади сите по слабиот старт на сезоната. На крајот, сепак, мораше да се задоволи со третото место, бидејќи Роси се покажа кога беше најважно – во самиот финиш на трката, кога го престигна.
„Докторот“ претходно се најде во центарот на вниманието поради инцидентот кој се случи во раната фаза на трката, кога ја исече кривината и Јохан Зарко, возачот на Јамаха Тех 3, практично го истурка од патеката. Поради тоа, деветкратниот шампион беше казнет со додавање три десеттинки, но тоа не влијаеше на неговиот пласман.

Најнови вести