Корисничко име Лозинка Пријави се
13.11.2017

Марк Маркес по четврти пат шампион на Мото ГП

Марк Маркес, возачот на Репсол Хонда, ја освои титулата во Мото ГП откако на последната трка во сезоната, на Големата награда за Валенсија, го освои третото место.

На Маркес ова му е четврта титула во Мото ГП во последните пет години. Тој на 24-годишна возраст стана најмладиот четирикратен шампион во најсилната класа.
Андреа Довициозо од Дукати, главниот ривал на шпанскиот возач во борбата за титулата, не ја заврши трката. Тој на шест круга пред крајот излета од патеката и со тоа борбата за титулата практично беше завршена.
Даниел Педроса, клупскиот колега на Маркес, беше победник во вчерашната трка во Валенсија, додека второто место го освои Јохан Зарко во Јамаха.
Марк Маркес сезоната ја заврши со 298 бода, додека Довициозо собра 261. Маверик Вињалес, возачот на Јамаха, сезоната ја заврши на третото место со 230 освоени бодови.
Хонда уште претходно ја обезбеди титулата во конкуренција на конструкторите.

Најнови вести