Корисничко име Лозинка Пријави се
22.3.2017

Лоренцо: Повеќе ме ценат во Дукати отколку во Јамаха

Хорхе Лоренцо, возачот на Дукати, изјави дека има голема поддршка од сите членови на италијанскиот тим, што не го чувствувал тоа во текот на времето поминато во Јамаха.

Шпанецот на крајот на минатата сезона по девет години, го напушти јапонскиот тим, а дебито на „дезмоседичи“ го чека во недела, на Големата награда на Катар, со која стартува овогодишниот Мото ГП шампионат.
Во текот на зимските тестирања, во прилагодувањето на Лоренцо му помогнаа голем број инженери, а петкратниот светски шампион изјави дека таквиот пристап многу се разликува од тој во Јамаха.
„Тоа е нешто што би сакал да се промени во Јамаха. Кога ја видов гаражата на Маркес полна со инженери, барав исто така да биде и кај нас, но никој не ме слушаше. Во Дукати ме гледаат со почитување, додека во Јамаха се чувствував како секој друг вработен. Секако, можам да бидам важен дел, но во Дукати повеќе ме ценат. Знаат дека ме ангажираа подобро да го развијам моторот и да направам чекор напред во однос на резултатите“, изјави Лоренцо.

Најнови вести