Корисничко име Лозинка Пријави се
26.6.2017

„Докторот“ славеше 115-ти пат во кариерата, 20 години по првиот пат

Големата награда на Холандија во Асен, во Мото ГП класата, донесе многу возбудувања поради дождот, уште подраматично беше во Мото 3 класата каде што на две кривини пред крајот, 11 мотоциклисти се бореа за победа.

Во Формула 1 последните години гледачите главно се досадуваат, сè се знае и пред стартот, додека во Мото ГП, Мото 2 и Мото 3 класа телото се тресе од возбуда до спуштањето на карираното знаменце.
На „Катедралата“ лидерот во генералниот пласман на Мото ГП класата Маверик Вињалес падна, осум круга пред крајот почна да врне дожд, Жоан Зарко и уште некои ги променија моторите, но не и водечката петорка.
На крајот, Данило Петручи му се закануваше на Докторот, но Валентино Роси докажа зошто тој си го носи прекарот, му се спротивстави, и на крајот славеше по десетти пат во Асен, а 115-ти во кариерата (89 пати во Мото ГП класата, 14 пати во 250 кубици, 12 пати во 125 кубици).
„Ова место е специјално, патеката е фантастична, по речиси една година повторно победив, презадоволен сум“, изјави Валентино, додека илјадници играчи извикуваа „Роси, Роси, Роси“.
Роси сега има 115 победи, а од рекордот на Џакомо Агостини го делат само седум.
Голема битка се водеше и за третото место, на крајот возејќи низ целта поминаа Маркез, Крачлоу и Довициозо.
Следниот мото викенд е во Германија, на најкратката патека во шампионатот „Захсенринг“, на втори јули.

Најнови вести