Корисничко име Лозинка Пријави се
10.12.2014

Сити, Рома или ЦСКА, кој ќе се пласира понатаму?

Со вечерашните натпревари од шестото коло во групите Е, Ф, Г и Х завршува првата фаза од овогодишното издание на Лигата на шампионите.

Најинтересно ќе биде во групите Е и Ц, каде што Рома, Сити, ЦСКА, Шалке и Спортинг ќе се борат за преостанатите две места во осминафиналето.
Во групата Е Рома, ЦСКА Москва и Манчестер сити имаат по пет бодови, па сигурен е само Баерн Минхен. Рома со победа против Манчестер сити ќе се пласира во осминафиналето, но доволно ѝ е и 0-0 ако ЦСКА изгуби во Минхен.
Сити ќе се пласира во следната фаза со триумф во Рим и пораз или реми на ЦСКА, а друга варијанта е пораз на ЦСКА и нерешено против Рома со постигнати голови.
Многу помалку дилеми има во групата Г. Спортинг гостува кај Челзи и еден бод би му осигурил понатамошен пласман покрај тимот од Лондон, но во случај екипата на Жозе Мурињо да слави, тогаш Шалке има шанси со евентуален триумф во Марибор да се пласира во следната фаза на Лигата на шампионите.
Пласман во следната фаза од најелитното европско натпреварување обезбедија: Баерн Минхен, Барселона, Челзи, Порто и Шахтар.

Најнови вести