Корисничко име Лозинка Пријави се
22.10.2014

Компани: Зошто сме и ние казнети?

Винсан Компани, капитенот на Манчестер сити, ги критикуваше УЕФА и ЦСКА поради отсуството на навивачите на англискиот клуб на натпреварот во главниот град на Русија (2-2).

УЕФА им забрани на навивачите на ЦСКА Москва да присуствуваат на три натпревари поради насилното однесување и расистичките инциденти минатиот месец на натпреварот против Рома во Рим (5-1).
„Ова не е чесно. Што направија тука погрешно нашите навивачи? Кој е казнет поради расизам, Манчестер или Москва? Мора нешто да се менува. Нашите навивачи не би требало да бидат казнети“, изјави Компани.
И покрај забраната на УЕФА, ЦСКА на арената „Химки“ имаше поддршка од околу 650 љубители.
„Од луѓето коишто присуствуваа на натпреварот, 360 беа од УЕФА, останатите се партнери и спонзори. Ако се сите навивачи на ЦСКА, тогаш тоа е добро за нас. Сите беа повикани од УЕФА, не од ЦСКА“, изјави Сергеј Аксенов, директор за медиумите на клубот од Москва.
Сити ниту по три натпревари во групата во која се Баерн Минхен и Рома нема триумф и ќе има тешка задача да избори пласман во осминафиналето на елитното натпреварување.

Најнови вести