Корисничко име Лозинка Пријави се
22.10.2014

Историја: Најефикасна вечер во Лигата на шампионите

Вторникот, 21-ви октомври 2014 година ќе остане запаметен како ден кога се постигнати најмногу голови во историјата на Лигата на шампионите.

Во текот на вечерта, во двата термини, дури 40 погодоци се постигнати во осумте натпревари на најсилното европско натпреварување.
Единствено на први септември 1997 година имаше повеќе голови (44), но тогаш беа одиграни 12, а не осум натпревари.
Синоќа сè почна во Москва, каде што ЦСКА и Манчестер сити одиграа нерешено 2-2, во терминот од 18 часот.
Само по десетина минути од вечерниот термин беше јасно дека напаѓачите се многу расположени.
Баерн славеше во Рим победувајќи ја Рома со 7-1, иако тој дуел е прогласен за дерби на колото. Шахтар постигна седум голови против БАТЕ Борисов, од коишто пет беа дело на Луиз Адријано, кој со тоа го изедначи рекордот на Лионел Меси.
Во Гелзенкирхен имаше седум голови, каде што Шалке со пеналот на Ерик Шупо-Мотинг во последната минута успеа да го совлада Спортинг од Лисабон.
Челзи во мрежата на Марибор испрати шест голови, а на „Камп ноу“ Барселона го доби Ајакс со 3-1.
Вечерта ја дополнија Порто и ПСЖ. Португалците триумфираа над Атлетик Билбао со 2-1, додека парижаните имаа минимална победа во Никозија.

Најнови вести