Корисничко име Лозинка Пријави се
12.5.2014

Работнички четврти пат шампион на Македонија

На едно коло пред крајот на првенството на Македонија, Работнички со 2-0 го совлада Еуромилк ГЛ на стадионот во Ѓорче Петров и ја освои шампионската титула, четврта во историјата на клубот.

Борче Маневски е херојот на „романтичарите“ откако во 68-мата минута ја затресе мрежата на Маџароски, по одличното проигрување на Петров од левата страна. Во 86-тата стави точка на натпреварот и ја осигури четвртата шампионска титула за тимот од Дебар маало со убав гол кој го постигна со одличен полуволеј.
Со оваа победата „романтичарите“ ја комплетираа двојната круна сезонава, откако претходно го освоија и Купот на Македонија.
Шампионот на Македонија е познат, но сè уште има дилема кој ќе биде последниот што ќе патува во Европа. Покрај Металург и Хоризонт Турново, во трка се Вардар и Шкендија, а досегашниот македонски шампион има најголеми шанси пред последното коло.

Најнови вести