Корисничко име Лозинка Пријави се
06.5.2014

Јанковиќ нов тренер на Мехелен

Српскиот тренер Александар Јанковиќ е нов тренер на белгискиот Мехелен, со кого потпиша двегодишен договор, пренесоа белгиските медиуми.

Мехелен во регуларниот дел на сезона во првата лига за четири бода избегна елиминација, додека во плејофот не успеа да се избори за место во Европа.
Јанковиќ има 42 години, а во текот на тренерската кариера работеше како главен или помошен тренер во Црвена ѕвезда, Левски од Софија, Металург од Донецк, Локомотив од Москва и Локерен, а беше и селектор на младинската репрезентација на Србија.
Мехелен четири пати беше шампион на Белгија, но последен пат во 1989 година, што му е и последен трофеј. Една година порано го освои Купот на победниците на куповите.