Корисничко име Лозинка Пријави се
09.9.2013

Чарли Адам и Џордан Роудс нема да играат во Скопје

Шкотската фудбалска репрезентација ќе биде осетна ослабено поради неиграњето на Чарли Адам и Џордан Роудс на утрешното гостување на Националната арена „Филип II“.

Фудбалерот на премиерлигашот Стоук, Адам, и напаѓачот на Блекбурн, Роудс не допатуваа во Скопје поради повреди по што шкотскиот селектор Страхан ќе има проблеми да го надополни отсуството на двајцата репрезентативци.
Шкотска по петочниот пораз од Белгија се заковани на последното место во групата, а на тој меч не настапи Адам, додека Роудс влезе во игра во второто полувреме. Шкотите се надеваа дека и двајцата фудбалери ќе бидат стартери на утрешниот меч (20:30 часот), но тоа нема да се случи.
На Шкотска ѝ се заканува пласман на последното место во квалификациската група, но тие се оптимисти дека можат да стигнат до позитивен резултат на утрешното гостување:
„Резултатите не се какви што сакавме, но мислам дека од натпревар во натпревар играме сè подобро. Веруваме дека можеме да освоиме бодови во Македонија и да ја подобриме атмосферата во репрезентацијата во финишот од овој квалификациски циклус“ - изјави одбранбениот фудбалер Стивен Витакер за шкотските медиуми.

Најнови вести