Корисничко име Лозинка Пријави се
08.5.2013

Марко Ливаја повторно казнет, нема да игра против Јувентус

Марко Ливаја, 19-годишниот хрватски фудбалер на заем од Интер во Аталанта, повторно е казнет од клупските челници, па нема да конкурира за денешната средба од 36-тото коло на Серија А, кога во Бергамо доаѓа Јувентус.

Од клубот испратија официјално известување дека Ливаја е казнет поради нарушување на дисциплината, а се чини дека Ливаја повторно изрежирал караница на тренингот, а тоа можеше да се насети во изјавите на тренерот на Аталанта, Стефано Колантуоно.
Првпат Ливаја е казнет кон крајот на март, поради што не можеше да настапи во домашната средба против Сампдорија (0-0).
Против Јувентус во кадарот на Аталанта нема да биде ниту другиот Хрват во тимот, Игор Будан, кој е повреден.

Најнови вести