Корисничко име Лозинка Пријави се
11.4.2013

По двата порази од Белгија, Македонија падна за десет места на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од десет позиции на најновата ранг-листа на ФИФА.

По двата порази од Белгија во натпреварите од квалификациите за Светското првенство 2014, избраниците на Чедомир Јаневски паднаа за десет места на ранг-листата на ФИФА, па Македонија сега се наоѓа на 83-тото место со 441 бод.
Од селекциите во нашата квалификациска група Хрватска се искачи на четвртото месо, Белгија има скок за три позиции и сега се наоѓа на 16-тата позиција, а Србија по пад од пет места сега е пласирана на 40-тата позиција.
Велс забележа најголем скок, дури за 22 позиции, и сега се наоѓа на 49-тото место, а најблиску до нас е Шкотска на 77-та позиција, по пад од 11 места.
На врвот нема промени, лидер останува Шпанија, пред Германија и Аргентина, Хрватска е четврта, потоа следува Португалија, па шеста е Колумбија, а меѓу првите десет се наоѓаат и Англија, Италија, Холандија и Еквадор.

Најнови вести