Корисничко име Лозинка Пријави се
14.3.2013

Македонија пет места погоре на ранг-листата на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација направи скок за пет места на ранг-листата на ФИФА и сега се наоѓа на 73-тото место со 487 бодови.

Овој напредок на ранг-листата беше очекуван со оглед на последните успешни резултати на нашата репрезентација.
Од противниците на нашите фудбалери во квалификациската група најдобро е пласирана Хрватска, која се наоѓа на деветтото место, Белгија, нашиот следен противник, со скок за едно место сега е на 19-тата позиција, а Србија, која исто така напредна за едно место, сега е 35-та на ранг-листата.
Шкотска падна за две места и сега се наоѓа на 66-тата позиција, а Велс се врати три места наназад и сега е пласиран на 71-вото.
Лидер на ранг-листата на ФИФА е Шпанија, а по неа следуваат Германија, Аргентина, Англија, Италија и Колумбија, а Португалија падна за едно место и сега е седмопласирана, па по неа следуваат Холандија, Хрватска и Русија.

Најнови вести