Корисничко име Лозинка Пријави се
13.6.2012

Росицки заработи повреда

Томаш Росицки, капитенот на репрезентацијата на Чешка, заработи повреда во победата на неговата селекција против Грција од 2-1.

Играчот за врска на Арсенал беше заменет уште на полувремето, откако се пожали на болки во стапалото, поточно повреда на Ахиловата тетива, но, за среќа, неговите соиграчи успеаја да дојдат до победата благодарение на двата гола на Петр Јирачек и Вацлав Пиларж во првиот дел и да ги обезбедат трите бодови, и покрај голот на Теофанис Гекас.
Росицки потврди дека почувствувал болки уште во дваесеттата минута од натпреварот, но продолжил да игра со надеж дека нема да има поголеми проблеми.
Последниот збор околу оваа ситуација ќе го има медицинскиот тим, кој вложува голем труд за фудбалерот да биде сто отсто подготвен за натпреварот од последното коло во групната фаза против Полска, кој со победа би им донел пласман во четврт-финалето.

Најнови вести