Корисничко име Лозинка Пријави се
25.5.2012

Лампард добива нов договор

Френк Лампард, триесет и четиригодишниот играч за врска на Челзи, кариерата ќе ја заврши во лондонскиот клуб.

Лондонските медиуми пишуваат дека извршниот директор Рон Гурлеј има намера да ги задржи во редовите на „сините“ Лампард, Микаел Есиен и Флоран Малуда, додека, пак, од клубот ќе си заминат Жосе Босингва и Саломон Калу.
Лампард, кому договорот му истекува идното лето, ќе добие негово продолжување, како и зголемување на платата, па така, наместо за 150.000 фунти седмично, ќе игра за 175.000, со што ќе му се приклучи на Фернандо Торес во најплатените играчи во Челзи.
Тој извор шпекулира дека Роберто ди Матео нема да го прифати едногодишниот договор кој, како што стојат работите, неофицијално клубот сака да му го понуди.

Најнови вести