Корисничко име Лозинка Пријави се
02.9.2018

Спировски и Николов стрелци во меѓусебниот дуел

Во дербито на унгарското првенство Ференцварош и МОЛ Види одиграа 2:2

Македонските репрезентативци Стефан Спировски и Бобан Николов постигнаа по еден гол во дербито на унгарското првенство меѓу Ференцварош и МОЛ Види, а на крајот двата тима мораа да се задоволат со по еден освоен бод. 
Спировски беше играчот кој ја отвори голеадата на дербито. Во 14 минута, прецизно пласираше од околу 10 метри, за радост на домашните фанови и водство на Ференцварош. Во 35 минута веќе беше 2:0 за Ференцварош, но тоа како да беше знак гостите да се разбудат. 
Актуелниот унгарски првак намали на 2:1 во 43 минута, а стрелец беше токму Бобан Николов. Во вториот дел МОЛ Види даде уште еден гол и се спаси од пораз. 
Головите на Спировски и Николов, кои играат во средниот ред, може само да го радува селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски, во пресрет на двата меча од Лигата на Нации, кога Македонија најпрво ќе гостува на Гибралтар, а потоа ќе ја пречека Ерменија во Скопје. 

 

Најнови вести