Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2018

Топтан продажба – За десет фунти во Гибралтар ќе ги гледаат Македонија, Лихтенштајн и Ерменија

Раководството на Фудбалската федерација на Гибралтар одлучи да ги продава во пакет билетите за трите меча на домашен терен, против Македонија, Лихтенштајн и Ерменија во Лигата на нациите

Само за 10 фунти, или помалку од 700 денари, фановите на фудбалот во Гибралтар ќе можат да ги следат во живо, на стадионот „Викторија“, сите три домашни дуели на аутсајдерот против Македонија, Лихтенштајн и Ерменија. Најскапиот блок билети чини 40 фунти, или околу 2.700 денари.
Прв гостин на теренот со вештачка трева на арената „Викторија“ ќе биде Македонија на 6-ти септември.
Фаворитот се знае, а ова е историски меч за домаќините, кои првпат играат квалификациски меч на свој терен. Досега најчесто како домаќини настапуваа во Фаро, Португалија, но сега подготвена е „Викторија“ за меѓународни мечеви. Капацитетот на стадионот е 2 илјади места и се очекува да биде полн на сите три натпревари што Гибралтар ќе ги игра на домашен терен.

 

Најнови вести