Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2018

Хајати Сојдаш именуван за нов тренер на Шкупи

Турскиот стратег е замена за Зекирија Рамадан

Хајати Сојдаш е нов тренер на Шкупи, откако потпиша едногодишен договор со македонскиот прволигаш. Сојдаш ќе има задача да ги исполни зацртаните цели на клубот, а тоа е да се стигне до место кое води во европските квалификации за следната сезона.
Сојдаш го менува Зекирија Рамадан, кој пред неколку дена  ја напушти функција по неколкуте непосакувани резултати на стартот од сезоната.
Педесет и двегодишниот стратег своето тренерско искуство го градел како асистент на Анкарагучу, Генчлебирлиги, Газијантеп, Манисаспор, Сиваспор, Адана Демирспор, додека бил и главен предводник на Анкараспор, Санлиурфаспор, Анкарагучу и Беледијеспор.