Корисничко име Лозинка Пријави се
05.9.2013

Хавиер Грасија нов тренер на Осасуна

Четириесет и тригодишниот Хавиер Грасија е именуван за нов тренер на шпанскиот фудбалски прволигаш Осасуна и наследник на Хозе Луис Мендилибар.

Алмерија во елитната класа на шпанскиот фудбал, а сега задачата ќе му биде да ја подигне Осасуна од дното на табелата на Примера лигата, бидејќи под Мендилибар екипата беше поразена во сите три досега одиграни првенствени кола.
Со Осасуна Грасија потпиша двегодишен договор, а меѓу претходните клубови кои ги тренираше се наоѓаат Кадис, екипата Б на Вилјареал, Олимпијакос Волос и Керкира.
Како тренер на Осасуна ќе дебитира во натпреварот од четвртото коло на Примера лигата на 15-ти септември, на гости кај Хетафе.

Најнови вести