Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2018

Рамадан си поднесе оставка, Шкупи бара нов тренер

Предводникот на чаирчани ја напушти функцијата по елиминацијата од Кит-Го во Купот на Македонија

Зекирија Рамадан повеќе не е тренер на Шкупи. Стратегот поднесе оставка по лошите резулати кои скопскиот клуб ги оствари во изминатиов период, а пресече вчерашниот пораз од нисколигашот Кит-Го во Купот на Македонија.

„Сакам да соопштам дека поднесувам оставка од тренерскта функција во Шкупи. Слабите резултати во изминатиов период се главна причина за тоа, кои сигурно не се во согласност со нашите очекувања. Му благодарам на раководството за поддршката, а на Шкупи му посакувам многу успех во иднина“, се огласи Рамадан преку својот профил на „Фејсбук“.

Во најбрзо време се очекува реакција од таборот на Шкупи, да се доведе нов тренер кој ќе го продолжи патот кон зацртаната цел на клубот, а тоа е излез во Европа за следната сезона.

Најнови вести