Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2018

Ќе му се посреќи ли на Николов, МОЛ Види го чека стотиот гол во Европа

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов и неговиот тим МОЛ Види се пред голем предизвик и прво учество во Лигата на шампионите, а за тоа ќе им треба да ја пробијат магичната граница на двомечот со АЕК

Унгарскиот првак МОЛ Видеотон го очекува првото учество во групната фаза во Лигата на шампионите, а за тоа треба да се прескокне последната пречка, атинскиот АЕК. Двомечот почнува денеска од 21 часот во Унгарија.
Популарниот Видеотон, за кого игра и нашиот репрезентативец Бобан Николов, го очекува јубилејниот стоти гол во европските натпревари. Досега имаат постигнато точно 99 погодоци и двомечот со АЕК е вистинска шанса за играчите на МОЛ Види и, секако, за нашиот Николов да се запишат во клупската историја, а тој како стрелец на „стотката“.
МОЛ Види никогаш досега не играл во фазата по групи во ЛШ, но има солидно европско педигре и едно финале. Во мај 1985 година, тогаш како Видеотон, унгарската екипа играше финален двомеч за пехарот во Купот на УЕФА, но Реал Мадрид беше подобар и со вкупен резултат од 3-1 се запиша на листата со победници во второто по ранг европско клупско натпреварување. Оттогаш минаа 33 години и МОЛ Види повторно е пред голем предизвик, како да се надигра АЕК и да се запише историско учество во фазата по групи во ЛШ. За тоа ќе им треба најмалку да ја минат границата од 100 гола во европските купови.

 

Најнови вести