Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2018

Николов го најде струмичкиот рецепт за Малме, Видеотон ќе игра двомеч за ЛШ

Бобан Николов го има рецептот за шведскиот првак Малме и втора година по ред успеаа со две различни екипи да го елиминира фаворизираниот тим од Шведска

Вечерва во реваншот во Унгарија, Николов и неговите соиграчи од Видеотон, или Види Мол по ново одиграа нерешено 0:0 против Малме и благодарение на голот постигнат на гости при ремито 1:1 на „Сведбанк арена“ успеаја да се пласираат во завршната квалификациска фаза за настап во ЛШ.
Николов беше стартер и одигра 85 минути, пред да биде заменет, а повторно се радува на успех против Малме. Лани со Вардар играчот од средниот ред на македонската репрезентација го елиминира Малме во квалификациска фаза за настап во ЛШ. Тогаш во Шведска беше 1:1, а во реваншот во Струмица Вардар победи со 3:1.
Во последната фаза пред настапот во ЛШ Види Мол ќе игра против АЕК Атина.

 

Најнови вести