Корисничко име Лозинка Пријави се
28.3.2018

Пјаниќ ќе оди во ПСЖ, Јувентус отвора место за Сергеј

ПСЖ му понудил на Миралем Пјаниќ речиси двојно поголема плата и петгодишен договор вреден вкупно 40 милиони евра, пишува „Кориере дела сера“.

Јувентус, кој пред две години на Рома ѝ плати 32 милиони евра за Пјаниќ, сега би можело на него да заработи 20 милиони евра доколку се оствари трансферот.
Ако се договори работата, Пјаниќ ќе се врати во Франција, каде што осум години играше за Мец и за Лион.
Неговото заминување би значело и сè посилен напад на Јувентус кон Лацио поради трансферот на српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
За потпишување на Србинот ќе има силна конкуренција од страна на најголемите клубови на Европа, како што се: Реал Мадрид, Барселона, Манчестер јунајтед и Сити, Челзи...

Најнови вести