Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
16.12.2011

Пандев и Наполи против Челзи, Тричковски и Апоел со Лион

Денеска во Нион беше извршена ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите.

Нашиот најдобар фудбалер, Горан Пандев, со неговиот Наполи ќе ги одмери силите со англискиот вицешампион Челзи. Првиот дуел се игра на „Сан Паоло“, а реваншот на „Стемфорд бриџ“.
Вториот македонски репрезентативец во елитното европско клупско натпреварување, Иван Тричковски, со најпријатното изненадување досега, АПОЕЛ Никозија, ќе гостува на првиот натпревар од двобојот против Олимпик Лион.
Од останатите двојки, најинтересно се очекува да биде на дуелот меѓу Милан и Арсенал. „Топчиите“ како првопласирани од групната фаза се надеваа на полесен противник, но немаа среќа во ждрепката и го добија италијанскиот шампион. Првиот дуел ќе се игра на „Сан Сиро“.
Актуелниот европски шампион Барселона го доби Баер Леверкузен, а Реал Мадрид рускиот претставник ЦСКА Москва.
Првите мечеви ќе се играат на 14 - 15 февруари и на 21 - 22 февруари, а реваншите на 6 - 7 март и на 13 - 14 март, 2012 година, а финалето ќе се игра на 19 мај на „Алијанц арена“ во Минхен.
Двојки во осминафиналето на ЛШ
Олимпик Лион - АПОЕЛ
Наполи - Челси
Милан - Арсенал
Базел - Баерн Минхен
Баер Леверкузен - Барселона
ЦСКА Москва - Реал Мадрид
Зенит - Бенфика
Марсеј – Интер

Најнови вести