Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2017

Коста: Ме третираат како криминалец!

Диего Коста, кој сè уште е член на Челзи, во интервју за „Дејли мејл“ даде коментар за неговата ситуација во лондонскиот клуб и за односот со менаџерот Антонио Конте.

Иако минатата сезона беше еден од најзаслужните во тимот на „сините“ за освојувањето на шампионската титула, Коста стана персона нон грата на „Стемфорд бриџ“ и сè уште не се наѕира решение за неговата ситуација.
„Чекам да ме пуштат. Не сакав да си одам, бев среќен, но кога тренерот не ве сака веќе, тогаш морате да си одите. Во јануари се случи таа работа со тренерот. Бев на чекор од потпишување нов договор, но сè беше стопирано. Претпоставувам дека тренерот стои зад сето тоа. Го почитувам, како одличен тренер кој направи многу за Челзи, но не и како личност. Тој не е близок со играчите, многу е оддалечен и нема харизма“, изјави Коста.
Напаѓачот е фрустриран поради начинот на којшто го третираат во сегашниот клуб.
„Сакаат да тренирам со резервниот тим. Не би ми бил дозволен пристапот кон соблекувалната и не би имал контакт со соиграчите од првиот тим. Па, јас не сум криминалец! Не е фер да ме третираат така, по сè што направив за овој клуб“, додаде напаѓачот на Челзи.
Коста изјави дека единствена желба му е да се врати во Атлетико Мадрид.
„Сакам овој месец да се постигне договор со Атлетико. Одбив многу понуди. Сакаа да ме продадат во Кина, но јас сакам да одам во клуб во којшто сакам, а не во оној кој дава најмногу пари. Подготвен сум и да се вратам во Бразил на една година и да не играм, без оглед на тоа што Челзи веројатно би ме казнил или би ми ја скратил платата“, изјави Коста.

 

Најнови вести