Корисничко име Лозинка Пријави се
07.2.2017

Суспензија од два натпревари за Икарди и Перишиќ

Мауро Икарди и Иван Перишиќ, фудбалерите на Интер од Милано, се суспендирани на два натпревари по прекршоците направени на дербито против Јувентус во неделата.

Јувентус славеше во дербито на Италија со голот на Куадрадо во 45-тата минута, додека Перишиќ беше исклучен во четвртата минута од судиското продолжение на времето. Хрватскиот напаѓач доби црвен картон поради приговорот кон судијата, додека Мауро Икарди, капитенот на Интер, не беше исклучен иако тој го навредуваше арбитерот Никола Рицоли и ја удри топката во негов правец.
Дисциплинскиот судија на италијанското првенство ништо не пропушти, па на двајцата играчи на „црно-белите“ им е изречена казна. Интер има право на жалба, но ако казната не се промени, Икарди и Перишиќ ќе ги пропуштат натпреварите против Емполи и Болоња.
Екипата на Стефано Пиоли пред гостувањето кај Јувентус, имаше серија од седум првенствени победи, а моментно се наоѓа на петтото место на табелата во Серија А со 42 освоени бода.

 

Најнови вести