Корисничко име Лозинка Пријави се
21.11.2011

Кинези го сакаат Бо Мекејлеб

Кинескиот кошаркарски клуб Ксинјанг флајинг тајгерс сака во своите редови да го доведе плејмејкерот на Монтепаски Сиена и на македонската репрезентација, Лестер Бо Мекејлеб.

Како што наведуваат американските медиуми, кинеската екипа сака да донесе замена за повредениот Квинси Дауби, а во Мекејлеб гледа идеално решение.

Ксинјанг три пати во низа губи во финалето на кинескиот шампионат и сега сака конечно да ја освои титулата. Мекејлеб се афирмираше со Партизан, каде што играше во Фајнал форот на Евролигата, а со репрезентацијата на Македонија стигна до најдобрите четири во Европа, каде што беше избран во најдобрата петорка на првенството.

Во досегашниот дел од Евролигата тој во просек им 17,4 поени и 3,6 асистенции.

Најнови вести