Корисничко име Лозинка Пријави се
12.1.2017

Против Тунис на премиерата на Светското ракометно првенство

Ракометната репрезентација на Македонија денес од 17.45 часот го игра првиот натпревар од 25-тото Светско првенство во ракомет за мажи во Франција.

Избраниците на селекторот Лино Червар ќе одат на победа против селекцијата на Тунис. Натпреварот се игра во малиот француски град Мец, каде што ќе се играат и останатите натпревари од групата Б, а дуелот може да се следи на програмата на МРТ, од 17.45 часот.
Во Мец се неколку стотина македонски навивачи, кои со нетрпение го очекуваат почетокот на натпреварот за да им дадат поддршка на нашите ракометари.
Во првото коло од групата Б, денес од 14 часот играат Словенија и Ангола, а од 20.45 часот силите ќе ги одмерат Шпанија и Исланд.
Првиот натпревар на Мундијалот се одигра синоќа, во којшто домаќинот Франција победи со 31-16 против селекцијата на Бразил.

 

Најнови вести